
Сѐ поизвесна е изградбата на минихидроцентрала на Мала Река во Кочани. Деновиве механизацијата е на терен и се работи на расчистување на теренот за да се започне со изградбата на минихидроцентралата. Ниту реакциите од граѓаните и здруженијата не беа доволни да се стопира оваа изградба, ниту да се зачува чиста животната средина.
„Досега веќе сѐ кажавме, од ставовите, од негативните влијанија кои ќе ги има врз природата и сега дојдовме до фазата дека никој не е крив и дека сега се криви граѓаните што бараат да не се гради тоа. Ако во оваа држава гледаме од каде може да се заштедат тие пари, постојат минимум 30 проекти кои последните три месеци кои се прекумерно плаќаат. Ниту еден од нив не е за доброто на граѓаните, ниту за заштита на природата и здравјето на луѓето туку во нечии приватни џебови.“ – вели Тодоров.
Тодоров додава дека има низа прашања на кои надлежните би требало да одговорат за изградбата на минихидроцнтралата, пред да кажат дека ако не се изгради ќе треба инвеститорот да се обештети. За нивните понатамошни активности истакна дека дополнително јавноста ќе биде известена.
„Нека најдат кој ги потпишувал документите, кој дозволил да се однесат тие тешки машини таму на реката и да ја уништуваат природата. Тоа се прашања на кои треба да одговараат, а не за обештетувањето.“ – додава Тодоров.
во 2020 и 2021 година, во Кочани се водеа жестоки полемики околу негативните инпликации од изградбата на ваков енергетски капацитет, како врз животната средина, така и врз езерото Градче.
Од фирмата велат дека нема да се деградира шумскиот појас, ке се работи по сите прописи и ке се почитуваат сите законски регулативи а водните ресурси нема да се уништат бидејки водата ке се користи согласно водостопанската дозвола и само во пределот до машинска зграда и после се враќа во речното корито.
Лаура Стојанова М-Нет