Се обеси и девојката на момчето кое вчера на идентичен начин си го одзеде животот во Штип

Згасна уште еден млад живот во Општина Штип. Откако во текот на вчерашниот ден 25 годишно момче си го одзеде животот со бесење, утринава во плевната, во домот каде што живеела, во село Аргулица е пронајдена обесена и неговата 22 годишна девојка. Тамошните жители велат трагедијата е голема.

„Момчето дошло за да сака да си ја врати, а татко ѝ не му дозволил. И тој отишол во локалитетот „Баргала“ и си го одзел животот. Утредента исто и девојчето. Така зборуваат.“, вели сосетка.

„Мирно девојче беше, не се имаше ни скарано со некого. Жена ми беше болна, таа ѝ помагаше. Лош збор немам да кажам за неа.“, истакна соседот.

„Потресени сме, многу сме изненадени. Не знаеме од каде дојде ова, што се случи. Судбина.“, рече сосетка.


„Голема трагедија е. Тоа е жално. Не знам како да опишам, јас бев голем пријател со нив. Немам лош збор да кажам. Ама веќе не можеме да ја вратиме, тоа е жално. Катастрофа е, а како се случило, не можам да си објаснам. Јас сум баш изненаден.“, во неверување за трагедијата зборуваше близок пријател.

Од СВР Штип го потврдија случајот додавајќи дека телото е предадено на обдукција и дека се прави увид на местото на настанот. Известен е и јавен обвинител. Неофицијално причините за два згаснати млади животи за само 24 часа се љубовни. Ова е трет случај во последните месец дена како згаснува млад живот на речиси идентичен начин.

Лаура Стојанова МНет