Се ближи Старата Нова година и Василица, колку штипјани ќе ги прослават?

Се ближи Старата Нова година и Василица – колку штипјани ќе ги прослават? Дел од нив ќе слават, дел ќе останат дома без големи собири. Овој пат нема кафеани, ресторани и патувања – празникот ќе се слави во домашен амбиент, со музика и скромна трпеза. На терен ги прашавме граѓани како ќе го одбележат денот. Нивните одговори откриваат насмевки, желби за здравје и среќа. Очигледно е дека традицијата и радоста од празникот продолжуваат да живеат, дури и во поинакви услови.

Но, за дочек се потребни пари, без разлика каде ќе се слави. Граѓаните велат скапо е , ама празникот како-така ќе се одблежи и годинава.

Инаку, Стара Нова година или Василица се празнуваат секогаш на 14 јануари, менува ден но никогаш датму. Во предвечерието на денот се палат огнови наречени василичарски, со кој се почнува самото празнуање. Се слави и стара нова година, се чествува празникот Св. Василиј и се прават домашни слави и имендени на Васо Васил, Василка и сл.

Иван Митев, М-Нет