СДСМ: Штип се гуши во чад, на Јорданов не му е важно тоа Јорданов: СДС да не манипулира со јавноста

Штип се гуши во чад, а од новата локална власт може да се види само продажба на општински имот, задолжување, проблеми со бодоснабудувањето, обвинија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип, откако вчера повторно гореше градската депонија. Од организацијата додадоа дека на Јорданов не му е важно здравјето на граѓаните, туку продажабата на имотот , кредитот и парите од самопридонесот.

„Штип се гуши во чад. Додека во Штип од новата локална власт видовме само распродажба на општинскиот имот, задолжување за 100 милиони денари, чести проблеми со водоснабдувањето и несервисирање на услугите кон граѓаните, депонијата секојдневно гори. Депонијата во Штип која секојденвно гори е во тотален хаос и со недели е запалена и гори со што загаденоста на воздухот и зголемениот број на ПМ10 честички претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Депонијата неконтролирано се шири, создавајќи опасност од уште поголеми загадувања на околината. Очигледно на Иван Јорданов единствено важно му е продавањето на имотот на ЈП Стипион, кредитот со кој планира да ја задолжи општината, пристапот до средстваат од самопридонесот, а најмалку важно му е здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина“ – кажаа од СДСМ Штип.

Од СДСМ Штип додадоа дека нови мини депонии секојдневно никнуваат во ценатрот на градот, а тоа не доликува на ценатр на Истокот.

На ова градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов во писмено соопштение истакна дека намерното палање на градската депонија сигурно има за цел да ја дефокусира јавноста од секојдневните криминали на националано ниво.

„Очигледно подметнатото палење на депонијата во текот на вчерашниот ден има за цел дефокусирање на јавноста од секојдневните криминали и предавства на национално ниво. Пред да изнесуваат невистини на прес конференции за манипулација и дефокус на јавноста, СДС прво треба да одговорат на следните прашања.
За колку пари се продаваат националните интереси и колку пари ќе поделат за предавството што го направија?
Зошто оставија пет милиони евра долг на ЈП Исар и општината и во чиј џеб завршија овие пари?“ – праша Јорданов.

За крај тој истакна дека единствените проекти кои ги направи СДСМ за Штип е воведување на патарини, безпарица, сиромаштија и криминално богатење на поединци од врвот на партијата.

Лаура Стојанова М-Нет