
Нема пари за нова градинки, дом за стари лица и за лица со посебни потреби,но има 100 милиони денари за тврдина. Сведочиме на душманско трошење на прите на граѓаните, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму наместо проектот за реставрација на Исарот може да се изгради дома за стари лица во Штип.
За речиси 100 милиони денари, колку што чини реставрацијата на Исарот, може од темел да се изградат три нови детски градинки. За една третина од таа сума, односно за околу 30 милиони денари, може да се изгради модерен Центар за рехабилитација на деца и возрасни со посебни потреби, кој би бил од огромно значење за заедницата. Исто така, за истата сума – една третина од цената на реставрацијата на Исарот – може да се изгради Дом за стари лица, обезбедувајќи подобри услови за оние на кои им е најпотребно. Предизборната програма на Јорданов ги вклучуваше овие два проекти за кои нема ниту најава дека би се реализирале, за разлика од реставрацијата на Исарот, која не беше дел од неговите планови.“ – кажаа од СДСМ.
Ќе се градат нови градинки, старечки домови и ќе се реализираат проекти кои граѓаните ги заслужуваат, одговори градоначалникот Иван Јорданов. Посочи дека се работи во сите свери, како во образованието така и во инфраструктурата.
„Би сакал да им порачам на СДСМ дека додека јас сум градоначалник се прават, се реализираат и ќе продолжат да се реализираат проекти во сите сегменти. Ќе продолжи да се инвестира во образование, во воспитно згрижувачки објекти, во инфраструктура. Ќе се градат нови градинки, старечки домови и нови проекти кои граѓаните ги заслужуваат“ – вели Јорданов.
Јорданов посочи дека во периодот кој следи штипјани ќе бидат сведоци на низа реализирани проекти кои ќе бидат од големо значење за сите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет