Ромео Кочоски помошник на Александар Толески во Охрид

Поранешниот капитен и играч Ромео Кочоски кој што има многу придонесено за Охрид, сега ќе има нова улога во клубот.

Имено, Кочоски ќе биде помошник тренер на шефот на стручниот штаб Александар Толески.

Охрид заврши на 6. место на табелата со 23 бодови, колку што има и петтопласираниот Кожуф и четвртопласираниот Арсими. Пролетниот дел Охрид го отвара против Башкими на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет