Ријека го купува Јован Манев, откако Адана Демирспор банкротираше, кочанчанецот ќе заигра во Хрватска!

Репрезентативецот Јован Манев ќе ја засили Ријека, екипа која е лидер во шампионатот на Хрватска, а трансферот доаѓа откако турискиот тим за кој настапува фудбалерот од Кочани, Адана Демирспорт банкротираше.

Ријека оваа сезона сака да ја освои шампинскатата титула, а конкуренти на нов клуб на Манев се Хајдук и Динамо Загреб.

За дефанзивецот од Кочани хрватскиот шампионат е познат, со оглед на тоа што веќе една настапуваше таму како позајмен играч на Осијек. Во хрватскиот шампионт Манев има одигарно седум натпревар или 495 минута, а еден меч одигра и во Купот на Хрватска.

Низ својата кариера Манев има настапувано за Осогово и Брегалница во Македонија, додека пак во странство настапуваше за Адана Демирспорт во Турција и Осијек во Хрватска.

Во тековната сезона во турската Суперлига, Манев одигра 12 натпревари, на теренот помина 941 минута, постигна еден гол и запиша една асистенција.

Александар Ванев, М-Нет