
Репрезентацијата на Македонија до 17 години со високи 9:0 го декласираше Гибралтар, го освои второто место во групата 2 и се пласираше во елитната фаза за пласман на Европското првенство, благодарение најмногу на подобрата гол разлика во однос на Унгарија, која пак доживеа висок пораз од Чешка.
Овие натпревари беа од последното коло од квалификациите кои се играа во Струмица и Турново.
Македонската репрезентација играше на стадионот „Кукуш“ во Турново каде со убедливи 9:0 ја доби репрезентацијата на Гибралтар која беше инфериорен противник.
Победата на Македонија можеше да биде и повисока, но и триумф од 9:0 е доволно за Македонија да се пласира во елитната фаза за пласман на Европското првенство.
Александар Ванев, М-Нет