Револт во Свети Николе, граѓаните се жалат на скапа вода и гробарина, Општината демантира

Револтирани граѓани на Свети Николе се жалат за покачените сметки за вода и за гробарина. Реагираат дека гробарината од 180 скокнала на 300 денари, а сметките за вода на некои домаќинства им се речиси дупло повисоки. Дополнителна мака, како што тврдат им е што гробиштата им се неисчистени, па самите велат дека мораат да ги засукаар ракавите и со раце да го чистат ѓубрето иако редовно тврдат дека ги плаќаат своите сметки. Зорица Ристевска, која храбро застана да говори за случајот, вели дека со нејзините примања таа не може да го помине месецот, додека останатите не сакаа јавно да говорат.

,,Со овие пари не можам да издржам, 4000 денари само дадов за лекови. По 180 денари беше гробарината, сега е 300 денари го качија, зошто?

Нека отидат да видат дали е чисто по гробиштата, одиме ние да чистеме со раце, а ни зимаат по 300 денари месечно. Водата беше 700 и нешто денари, сега е 1500 денари, зошто? Не сум потрошила ниту 800, а сама сум јас.“, вели Ристеска

За случајот М-Нет телевизија побара став од Општина Свети Николе. Оттаму ги демантираат тврдењата, посочувајки дека последните три години во Свети Николе немаат покачување на сметките за вода и гробарина.

„ Тврдењата од граѓаните се целосно неточни. Последните три години во Општина Свети Николе нема зголемени сметките за вода и гробарина. Дополнително гробиштата се целосно искосени и исчистени.“, соопштуваат од општината

Инаку, како што дополнително тврдат повозрасните граѓани оттаму, новата економска ситуација во светот, особено ја чувствуваат тие, бидејки примањата им се слаби, а последните зголемувања на нивните пензии неможат да ги почувствуваат.

Иван Митев, М-Нет