
Од неколку домаќинства кои претходно се занимавале со сточарство, Омер Бајрам во штипско Лакавица денеска е единствениот кој одгледува овци. Ама со ваквата цена на јагнинањата, не се преживува вели тој пред камерите на М-Нет телевизија. Цената на храната е висока, работа многу а исплатливоста еднаква на нула. Вели реалната цена на јагне жива мера треба да биде барем двојно повисока од сегашната.
„Цената да ти кажам сега за сега е заникаде. 180 до 190 денари жива мера е, а во месарите е 500 до 600 денари во месарнциите. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концетрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари, не сме благодарни од цената. Реалната цена треба да биде барем двојно, оти 100% се е скапнато, минимална треба да е 260 до 280 денари“- вели Бајрам.
Не се произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и цената на млекото. Бајрам посочува дека од нив се откува евтино, а потоа се продава скапо.
„Од нас земаат за евтино, млекото го земаат за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правеме со него. Лани беше 40 денари оваа година 50 денари овчо млеко“ – додава Бајрам.

Сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за едвај десет денари. Недоволно е па и токму затоа во селото никој не одгледува стока.
„Мислам, последниот ден прават цена, да ги замачкаат очите на сточарите.“ – додава Бајрам.
Бајрам сточарството го наследува како занает од неговиот дедо, а со овците е од неговата 15 година. За нив нема годишен одмор, недела или празник, ама нема ниту реална цена на јагнињата и млекото и млечните производи.
Лаура Стојанова М-Нет