
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 18. коло на Првата ракометна лига на Македонија, по што ќе започнат плеј-оф и плеј-аут сегментот.
Во рамки на групата А екипата на Јехона на домашен терен ќе игра против Овче Поле од Свети Николе ќе сака седмо славје, а пак Јехона петто. Во Струмица екипата на Астраион ќе се соочи против Мулти Есенс, каде гостинот во Струмица доаѓа како голем фаворит против последнопласираниот Астраион.
Екипата на Кичево на домашен терен го затвара регуларниот дел против фаворитот Металург РА. Слободни екипи во рамки на оваа рунда се Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром.
Во рамки на групата Б „фенерџијата“ Преспа Вардар во Ресен ќе го пречека тимот на Партизан, а гостинот ќе биде и фаворит за седмо славје. Дербито на колото ќе го играат ланскиот суперлигаш Вардар Неготино и Драчево, екипата на Текстилец од Штип ќе има тешко гостување кај ланскиот прволигаш Скопје, а пак Шампион на домашен терен ќе го пречека фаворитот Младост од Богданци кој доколку триумфира регуларниот дел ќе го заврши на првото место на табелата во групата Б, а пак слободна во оваа коло е екипата на Македонија ЃП.
Од групата А во плеј-офот одат Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Метарлуг РА, Овче Поле и Јехона, а од групата Б тоа се екипите на Македонија ЃП, Младост од Богданци, Драчево, Вардар Неготино и Скопје.
Во плеј-аутот од групата А одат екипите на Кичево, Аеродром и Астраион, а од групата Б тоа се екипите на Шампион, Партинза, штипски Текстилец и Преспа Вардар.
Александар Ванев, М-Нет