Ракометарите на Текстилец во Штип претрпеа пораз, дербито за битолчани!

Овој викенд се одиграа натпреварите од 12. коло на Првата ракометна лига, а во рамки на истата ракометарите на Текстилец УГД во Штип беа поразени со 30:35 од екипата на Шампион.

Првиот дел беше неизвесен и се играше гол за гол, а на полувреме резултатот беше 18:18. Во вториот дел гостинот направи разлика за конечни 30:35.

Никола Јованов имаше осум погодоци во таборот на штипјани, а пак Александар Јовановски седум реализации, кај гостинот Илија Пејковски имаше девет гола.

Во дербито на двата лански прволигаши Мулти Есенс претрпе тежок пораз од Еурофарм Пелистер 2 со резултат од 22:31. Партизан дома беше декласиран од Младост Богданци со 23:39 во соседското дерби, Скопје со 30:21 беше подобар од ПРеспа Вардар, Драчево со 38:28 го доби дербито со Македонија ЃП.

Реми на Кичево и Јехона за 27:27, а пак Металруг РА го доби убедливо Аеродром со 30:20.

Александар Ванев, М-Нет