Радовиш продолжува да нижи само порази, Вардар е непоразен лидер во Суперлигата!

ФОТО: Александар Ванев

Ракометарите на Радовиш никако да забележа позитивен резултат, имаат 13 порази од толку натпревари и со тоа се на самото дно од табелата како единствен тим во Суперлигата кој нема освоено бодови.

Ваквите резултати одамна требаше да го вклучат црвениот аларм, за да може клубот да се бори посериозно да опстанок во Суперлигата. Пред две години клубот експресно се врати во елитното друштво преку бараж, но како тргнало Радовиш е најзрел кандидат за испаѓање од елитата.

На врвот е Вардар, двократниот европски шампион има максимален број на бодови односно 26 со 13 победи од толку натпревари, а пак шампионот Еурофарм Пелистер е на втората позиција со 23 бодови, а учинокот на битолчани е 11 победи, едно реми и еден пораз.

Охрид игра фантастичен ракомет, котира на високото трето место со 21 бод, а пак Алкалоид е четврти со 20 бодови на своето конто.

Тиквеш е на петтата позиција со 14 бодови, а пак Бутел е шести со 13 бодови и овие две екипи водат борба да ги потврдат своите позиции кои водат во плеј-офот.

На седмата позиција е Еурофарм Пелистер 2 младите пелистерци имаат 12 бодови, а пак Прилеп е на осмата позиција со десет бодови. Овие две екипи заедно со Пролет кој е деветти со девет бодови се надеваат и сакаат да изненадат за да фатат позиција која води во плеј-офот.

Струга е на десеттата позицијата со четири бодови, а толку има и Куманово кој е претпоследен, а на дното е Радовиш како единствен тим без бодови.

Александар Ванев, М-Нет