Работнички го декласираше Вардар Неготино, „романтичарите“ во следната фаза од Купот на Македонија

Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со убедливи 0:8 го декласираше третолигашот Вардар Неготино на „Цвај арената“ во Неготино.

„Романтичарите“ патуваат во осминафиналето со што се познати сите екипи кои обезбедија следна фаза од Купот на Македонија.

Разликата во квалитет беше повеќе од јасна и само прашање беше со која разлика Работнички ќе слави во Неготино.

Претходно, во осминафиналето се пласираа ТИквеш, Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново, Каменица Саса, Скопје, Новаци, Беласица, Брегалница, Вардар, Струга, Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Силекс кој имаше директен пласман во осминафиналето како лански освојувач на Купот на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет