Промовирани три дела на млади авторки од Струмица во кочанската библиотека Искра

Литературна средба на млади авторки од Струмица остварена денска во кочанската библиотека „Искра“. Денеска беа промобвирани дела на три млади авторки од струничко, членови на Домот за млади деца „Благој Мучето“ од Струмица. Целта е да се продлаболи меѓуинституционалната соработка не само со културните институции од Кочани туку и од другите градови.

„Литературната средба ќе бидат преставени дел од три авторки, кои се млади надежни авторки од Струмица. Идејата е пред се меѓуинституционална соработка“ – вели Атанасова-Ѓоргиева.

Ваквите настани се мотив за младите да пишуваат и творат, а они кои започнале со тоа да продолжат и во иднина.

„Тоа го правиме пред се за да ги мотивираме младите авторки за да продолжат со пишување понатаму со проза и поезија, а истовремено да мотивираме други млади кадри да пишуваат“ – вели Ѓоргијев.

Младите авторки Атанасова и Ѓорѓигијева започнале да го негуваат убавиот пишан збор од мали нозе, и денеска веќе имаат издадено по едно литературно дело. Велат дека продолжуваат да пишуват и во иднина.

„Вљубеник сум во убавиот пишан збор, пишувам поезија и проза од својата 13 година и неодамна од печат излезе мојот прв роман „Безгрижно.“ – вели Ѓоргијева.

Со цел промовирање на литературата и творештвото во Кочани, библиотеката Искра продолжува со активности, проекти и низа промоции и оваа тековна 2024 година.

Лаура Стојанова М-Нет