Проблемот со вработени во училиштата и градинките во Штип стои – решение бараат локалната и централната власт

Долго се чека за систематизација и годишни планови за вработување, затоа во училиштата и градинките не може да се вработи персонал – ова е заклучокот на дополнителниот министер за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски, по денешната средба во Штип. Вели дека ваквата ситуација е неприфатлива и затоа се птрават напори да се корегира и да се помигне на општините и институциите.

„Она што го слушнав е дека со месеци се заглавени систематизациите и годишни планови во министерствата, дел во МОН, друг дел во министерството за информатичко општество. Неприфатлива е состојбата во која предолго време не се одговара на овие барања кои доаѓаат од институциите и општините, оти едно е да се има забелешки и тие да се корегираат, но сосема друго е да ги чувате предметите во фиока и да не постапувате по истите“ – вели Андоновски.

Од Општина Штип посочуваат дека еден од проблемите кои најмногу ги засега како Локална самоуправа се листите за чекање во детските градинки. Јорданов е дециден дека простории за сместување на децата има, треба да се работи само на вработување на соодветен персонал.

„Ова се активности кои тековно ги спроведуваме и реализираме, драго ми е што се во корелација и соработка со преставници од централната власт. Она кое нас не засега како Локална самоуправа, а се однесува на најмалите е кога ќе се намалат листите на чекање во градинките.“ – вели Јорданов.

Во меѓувреме во подрачното училиште „Ванчо Прќе“ во штипско Ново Село заврши со уредување на втората просторија за дечињата за продолжен престој, а до семтември треба целосно да бидат завршени четири.

„Еве веќе и втората просторија е завршена, се надевам дека до почетокот на следната учебна година ќе имаме четири реновинари училници и сметам дека околу 120 ученици ќе можеме да згрижиме во продолжениот престој.“ – вели Радев.

Директорот Радев посочи дека доколку има соодветн интерес од страна на децата, продолжениот престој ќе може да го користат не само децата до трето одделение, туку и останатите. Ова е со цел да се помогне и на родителите и на децата.

Лаура Стојанова М-Нет