
Од средината на август привршува светиниколското културно лето со редица настани на познати уметници. Вчеравечер настапи познатиот комичар Бојан Велевски, а в сабота 17 август ќе настапат познати естрадни уметници од хип-хопот. Завршувањето на културното лето ќе биде одбележано на 31 август со т.н бела ноќ со главните гости група Нокаут, истакна градоначалникот на општината Дејан Владев.
“Имавме доста добро културно лето, кое што од средината веќе на август го финишираме. Имаме настап на комичарот Бојан Велевски, кој што ќе ја оддржи неговата стенд-ап комедија, кај споменикот на градскиот парк. Во сабота имаме хип-хоп настан, каде што ќе настапуваат бројни македонски хип-хопери, искусни, а истото ќе биде на градскиот плоштад. Паралелно на истото ќе има баскет три на три , турнир кој што ќе се одржи во игралиштето на СОУ“Кочо Рацин“, за да го завршиме летото на 30.08 во така наречената наша бела ноќ, каде што главни гости ќе биде групата нокаут“, вели Владев
За општината ова претставува пред се добра забава и дружба, а за следната година ќе се планира побогата програма со настани, додава Владев.
“Се грижиме за сите, ова е добра забава, додека порано во Свети Николе не е имало толку настани со тоа што највувам следната година ќе биде уште побогата со културни уметнички работи во нашата општина.“, истакна Владев
Светиниколското културно лето, годинава имаше редица настани, во кој главно се презентираше културата, како современата, така и фолклорната, по која тие се претпознатливи. Со привршувањето на овие настани, градоначаликот упатува покана до сите заинтересирани да повелат и да уживаат.
Лаура Стојанова, М-Нет