Приведен 64-годишен штипјанец, физички ја нападнал неговата поранешна сопруга

На 28.03.2023 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода В.А.(64) од Штип, бидејќи околу 12.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 69 – годишна поранешна сопруга. По комплетирање на случајот против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.