Приведен татко во Штип, го турнал неговиот син по караница со сопругата

На 10.05.2026 во 00:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.В.(44) со престој во Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека на 09.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу нив, пријавениот го турнал нивниот малолетен син. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.