Преставки до соодветните институции за контрола на советот во Штип ќе поднесе СДСМ и коалицијата

Преставки до соодветните институции кои се задолжени да вршат контроли на законитостат на работењето на советот ќе поднесе советничката групша на СДСМ и колицијата. Ова следува по деншните случувња во советот на Општина Штип на кои СДСМ ја напуштија седницата на првата точка. Според координаторот, Маријана Рогожарска – Поповска, од мнозинството се носат одлуки без разлика колку и да се тие штетни за граѓаните.

„Она што јавноста треба да го знае е дека мнозинството исклучиво само по партиска директива од врхушката на ДПМНЕ, бидејќи невозможно е сериозно да се разгледаат 50 точки од дневниот ред и да се донесат квалитетни одлуки, со оглед на тоа станува збор за измена на програми, одлуки за кофинансирање на проекти, квартални финансиски извештаи, годишни сметки и одлуки кои на граѓаните ќе им овозможат прекинување или продолжување на легализацијата. Воедно грубо се крши институот на советнички прашања односно за голем број досега поставените советнички прашања не се добиени одговори. За советничката група на СДСМ и коалицијата е неприфатливо ваквиот начин на функционирање на советот, односно грубо злоупотребувајќи го своето мнозинство во советот, ВМРО ДПМНЕ по секоја цена донесува одлуки колоку и да тие се нба штета на граѓаните“ – велат од СДСМ.

СДСМ и коалицијата денеска не беа дел од седницата на советот заради првата точка која се додаде на дневниот ред, однонсо Предлог одлука за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност, општинска обврзница.

Лаура Стојанова М-Нет