Предновогодишни забави, раздвижен центарот на Штип – има ли предновогодишна еуфорија

Предновогодишни забави, собири, настани пред празнците – колку кај младите се чувствува предновогодишната атмосфера. Натпросечно топло време за овој период од годината, и раздвижено централно градско подрачје во Штип. На терен граѓаните се со поделено мислење одговарјаќи на прашањето дали се чувствува предновогодишната атмосфера. Дел од нив сведочат дека продавниците се полни, раздвиженоста е забележителна. Друг дел се децидни дека не се чувствува никаква атмосфера иако до Нова година има нешто повеќе од една недела.

Денеска е далеко поразлично од годините претходно согласни се сите анкетирани граѓани. Велат ако некога по улиците се чувстувала предновогодишната еуфорија денеска не можат да купат ниту подарок за поблиските. И овде финсииите играат главна улога па далеку е чувството за новогодишна атмосфера.е

Штипјани се согласни дека некои традиции и практики од претходно треба да се негуваат и денеска со цел да се даде новогодишна магија на периодот пред празниците. На тој начин велат децата се учат на вредности кои ќе ги паметат долго.

Лаура Стојанова М-Нет