Предлог за заеднички третман против комарци има, но одобрение за истиот не

И покрај прсакањето во неколку наврати во општините од Истокот против комарци, тие сепак се застапени секојдевно се повеќе и повеќе. Граѓаните велат се чувствува нивното присуство и потребно е поголем ангажман од општините за нивно намалување и уништување.

Општините од Истокот по неколку пати годинава спроведуваа прскање против комарци, како против возрасните комарци така и против ларвите од комарците. Во Општина Кочани конкретно два пати годинава се прскаше против комарци еднаш авионско и еднаш земско.

Од годините наназад вклучувајќи ја и оваа година прскањето против комарци се спроведува на секоја оптина посебно. Заеднички проект за сите општини има предложено неколку пати од Центарот за развој на Источно планскиот регион, но само еднаш е спореведено заедничко прскање против возрасни комарци.

Илијев посочи дека и тој ја имал предложено оваа мерки заеднички третман против комарци, додека бил претседавач на Советот на ИСП меѓутоа не било прифатено. Ангелова додаде дека стојат на располагање на градоначалниците на општините во Истокот доколку одлучат да се спроведе и заеднички третман против комарци, но за тоа дополнително треба да се одлучува во ноември.

Лаура Стојанова М-Нет