
Предвидена е обука на пожарникарите на Општина штип во Монтана, Република Бугарија, која ќе овозможи нивните работни задачи да бидат изврушувани на дополнително професионално ниво. Во соработка на Општина Штип и Република Бугарија, нашите и нивни пожарникари заеднички ќе се обучуваат, а ќе добијат и нова опрема односно возило за шумски пожари.
„Предвидена е обука во Монтана, Р. Бугарија и опрема, што дополнително ќе им помогне неизмерно за ризичната работа којашто ја работат да им биде уште полесна и да ја работат уште попрофесионално. Во наредниот период нашите пожарникари ќе имаат современи возила, современа опрема за работа и ќе ја извршуваат својата работа максимално за добродетот на сите наши граѓани“, истакна Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Изјава 3389 00,59 предвидено 01,23 граѓани
За прв пат Република Бугарија соработува со нашата држава. Проектот предвидува општа подготовка на нашите и бугарските пожарникари во извршувањето на нивните активности. Без вклучување на политиката, помошта на двете соседни држави е повеќе од проценлива. Со овој проект се овозможува создавање на традиција и побрзо создавање на процедури стандарди за дејствување не само во пожари туку и во поплави, земјотреси и слично.
Изјава 03,21 имено 03,58 границата Јулијан Гурунчаров
„Обуката на бугарски и македонски пожарникари е во нашиот центар во Монтана, што ја имаме предвид. Центарот е специјализиран за подготовка на професионалци за секаков вид на природни непогоди, т.е ќе имаме шанса да работиме заедно, да видиме како може да се работи во екипа, акцентот да го ставиме точно на овој елемент, на тимската работа за да се обезбеди највисока можна заштита на населението, од едната и од другата страна на границата“, истакна Јулијан Гурунчаров.
Обуката се очекува да започне во 2022 година, а по 30 пожарникари од двете држави ќе имаат можност да се оучуваат. Проектот чини 400 илајди евра по половина за двете држави. Со почитување на постапките и процедурите Николов истакна дека за месец два се очекува Штип да добие ново противпожарно возило за гаснење шумски пожари.
Лаура Стојанова МНет