Поставен првиот асфалтен слој на улицата во населба Македонка во Штип, жителите задоволни

По неколку децении коцка конечно улицата во населба Македонка во Штип го доби првиот асфалтен слој. Дополнително ќе се бетонираат и краците, со што населбата ќе го добие ликот кој го заслужува. Парите се обезбедени од Буџетот на општината.

„Овде денес ќе се постави асфалтниот слој на улицата на која претходно се вршеше промена на водоводната линија, со што се завршува еден дел од планираната инвестиција во оваа населба. Практично еден цел крак доби нова водоводна линија и нова асфалтна маса. Износот е нешто околу еден милион денари, а износот на водоводна инасталација е некде околу два милиони денари. Веднаш по завршување на оваа улица ќе се пристапи кон завршување на приклучоците на овие околни згради, практично краците на улицата ќе се бетонираат.“ – кажа Јорданов.

Жителите кои живеат во овој дел од градот задоволни од направеното, велат улицата била повеќе од потребна.

Јорданов во оваа прилика упати јавно извинување до жителите од населба Македонка, за подолгиот период во кој се извршувале инфраструктурни активности.

Во населба Македонка се направи целокупна реконструкција, односно се реши проблемот со водоводната инсталација истовремено и се асфалтираше улицата.

Лаура Стојанова М-Нет