
Наскоро ќе започнат репрезентативните квалификации на Македонија и поради тоа се променува и првенствената програма за прволигашките натпревари. Веќе утре, сабота ќе се одиграат 5 натпревари од редовното 24 коло а еден меч ќе се одигра во недела. Вниманието го привлекува натпреварот Вардар – Шкендија кое некогаш важеше за дерби, но времињата и финансиските прилики и неприлики си го направија своето. Скоро сите други натпревари си имаат своја привлечност а знаејќи дека топката е тркалеста тогаш се можни секакви резултатие. Интересно во ова коло една штипска судиска тројка повторно ќе биде актуелна на прволигашки меч. Во Велес средбата Борец – Пелистер ќе ја суди Крумислав Георгиев а ќе му помагаат Никола Караколев и Кристијан Џонов а четврти судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија. Еве ги комплетните парови за ова 24 коло:
- Беласица – Работнички
- А.Пандев – Струга Т Л
- Ренова – Македонија ЃП
- Силекс – Шкупи
- Вардар – Шкендија, овие натпревари ќе се одиграат во сабота 22 март со почеток во 15.00 ч. а средбата
- Борец – Пелистер ќе се одигра во недела 21 март со почеток во 15.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk