
Пред се здравје и мир, а потоа повеќе пари и работни места, се желбите на штипјани на почетокот на 2026 година. Велат, старата година беше тешка, од новата очекуваат полесни денови и повеќе поводи за радост. Иако здравјето и мирот се најважни, граѓаните се децидни, без подобар стандард и поголеми финансии, се друго е залудно.
Инаку, оваа година дочек за новата 2026 имаше на шеталиштето Ванчо Прќе, каде беше приредена богата музчко-забавна програма. На самиот дочек беше познатата група Пауза за ракија, која со својот репертоар ги развесели и разигра штипјани. Со грејано вино, слатки деликатести и многу радост тие токму таму ја испратија старата и пречекаа новата година, која очекуваат да биде бериќетна, ситна и благословена од Бога.
Иван Митев, М-Нет