
На 15.12.2025 во 04:53 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во с.Зрновци, кочанско, настанал пожар на покрив од куќа, сопственост на Љ.К.(63). Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.