Пожар во с.Радање, с.Чардаклија и на потегот кон брана Мантово, надлежните со голем апел на внимание

60 пожари евидентирани во државата, дури три има во штипско. Според последните информации на противожарната единица Штип, само денес има кај село Радање и Чардаклија и на 20 километар на потегот спрема брана Мантово. Командирот Благој Ренџов упати голем апел до граѓаните за внимателност со цел да не се палат страништата, кои посебно периодов создаваат големи штети.

Во истокот претежно горела трева, нискостеблеста шума и растенија, трење, смрека, , информираат и од Центарот за управување со кризa.

РЦУК – Штип, известува дека пожарот во атарот на с.Двориште м/в Црнево на границата со Р.Бугарија е изгаснат. На лице место работи и екипа од ЈП НШ подружница Малешево – Берово со 4 вработени кои на терен ќе бидат и во текот на денешниот ден. Зафатени биле нискостеблести растенија, папрат и смрека. Според информацијата и пожарот на страната на Бугарија е ставен под контрола, соопштуваат од ЦУК Штип

ТППЕ Виница пак во период од 09:45 до 10:35 часот, интервенирале на запалено стрниште во атар на с.Слатина. Со пожарот била зафатена површина од 1 хектар, а интервенирале 2 пожарникари со 1 ПП возило.

Иван Митев, М-Нет