
Врнежливото време повторно предизвика одрони на патиштата во источниот регион. Од „Македонија пат“ информираат дека екипите се постојано на терен и се работи на расчистување, но одроните се повторуваат. Раководителот Влатко Цоневски апелира возачите да бидат внимателни и да не ја потценуваат состојбата на патиштата. Се препорачува прилагодување на брзината и задолжително следење на сообраќајната сигнализација. Безбедноста на патот, вели, зависи и од вниманието на секој учесник во сообраќајот.
,,Со оглед на временските услови и врнежите кои се од синоќашните часови , пошто продолжија и во утринските часови одрони имаме на сите патни правци што се подлежни на одрони. Екипи имаме на секаде на терен, се чистат редовно, но истите редовно пагаат. Ќе мора да се обрне повеќе внимание на возењето, да не се потценуваат временските услови и моменталната ситуација на патот. За сигнализацијата тоа веќе задолжително треба. Ова е со цел да не доага до несакани последици.“, рече Цоневски
Особено алармантен е патниот правец село Истибања-Мак. Каменица, рече рак. Цоневски. Потенцираше дека одрони има и на патниот правец Делчево Берово, како и Виница Берово, но нови одрони има и кон граничниот премин Делчево.
,,Особено алармантно е од село Истибања до Делчево, во тој дел е најопасно. Имаме и од Делчево спрема Берово, од Виница кон Берово. Ситни одрони, ама ги има и од Делчево до граничниот премин.“, додава Цоневски
Раководителот Цоневски и понатаму преупредува, возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел да не дојде до несакни последици. Потенцираше дека екипте постојано чистат на терен, но претпазливоста останува важна на овие патни правци.
Иван Митев, М-Нет