
Училишна повеќенаменска балон сала ќе добие подрачното училиште „Гоце Делчев“ во штипската приградска населба Три Чешми. На површина од 600 метри квадратни во наредниот период ќе се гради салата која треба да се користи од страна на учениците, но и жителите од оваа населба. Увид во стартот на градежните активности денеска извшри градоначалникот Иван Јорданов кој посочи дека очекува во најбрзо време завршување на самиот објект.
„Од денес па во наредниот период ќе започнат активности за изградба на училишна повеќенаменска балон сала, која се надевам дека ќе биде искористена и од учениците, но и од жителите на самата населба Три чешми. Ова е децениско барање на жителите од оваа населба. Смогнавме сили преку ОУ Гоце Делчев да распишеме тендер, избран е економски оператор кој ќе ја изград салата“ – вели Јорданов.
Салата е долгогодишна желба и на вработените и на учениците и конечно почнува нејзината реалзиацаија. Ќе биде од големо значење за сите дециден е директорот Зоран Митев.
Изјава 06.05 ТОА Е 06.36 изградена Зоран Митев директор на ООУ „Гоце Делчев“ Штип
„Тоа е дамнешна желба и на вработените и на учениците и на жителите. Конечно ќе добиеме еден повеќенаменски објект кој ќе ја подобри реализицијата на физичкото образование, а со тоа и целокуниот образовен процес. Се надевам дека во најкраток период салата ќе биде изградена и пуштена во употреба.“ – вели Митев.
Освен балон салата во изминатиот период во оваа населба започнаа активности за адаптација на простории за детска градинка во која ќе бидат згрижени 30 дечиња.
„Адаптацијата е направена, има посебни простории за градинка и се надевам дека ќе добиеме согласност за одвивање на воспитно образовниот процес. Со тоа некаде околу 30 деца ќе бидат згрижени практично во самата населба.“ – додава Јорданов.
Инвестицијата е вредна некаде околу 14 милиони денари со што се решаваат долгогодишните барања на жителите од населба Три Чешми.
Лаура Стојанова М-Нет