Пливање: Инклузија на децата со посебни потреби, адаптација на водена површина

По извесен период на стагнација денес се оствари и се реализираше проектот на ПСК „Челични“ со Дневниот Центар од Штип за инклузија на децата со посебни потреби за нивна адаптација на водена површина. На оваа иницијатива своја подршка им даде и раководството на Akva Bela resort со самото тоа што базенот им е на располагање, тренираат и се забавуваат во термини кога тие се сами и ги имаат сите водени услови.

Децата се неизмерно радосни при допирот со вода, ги стекнуваат првите искуства за учење на пливањето и сето тоа под будното око на пливачките тренери и инструктори Мирко Јакимовски, Методи Петров и Тони Даскалов. За почеток ваквите водени активности со овие дечиња ќе се одржуваат еднаш неделно за да во понатамошниот период можеби ќе се премине и на зголемен број на термини. Во секој случај ова е прекрасна реализација, еден вид новитет во животот на овие дечиња од која најголемиот бенифит ќе го имаат тие самите деца и секако нивните родители.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk