Пливањето – препорака број еден, го зајакнува телото и смирува умот

Пливањето- препорака број еден од лекарите, го јакне телото, го смирува умот и е безбедно за сите возрасти. Доктор Валентина Митрова од Штип со силна порака, искористете го летото – пливајте за здравје. Но покрај што од една страна пливањето во морето има многу бенефити, од друга страна постои и скриена опасност – морето знае да биде суров противник кога не се почитуваат правилата. Зошто е пливањето препорака број еден ова лето, и кога може да стане животозагрозувачко?

,,Пливањето како спорт е многу добро, зачи се препорачува особено во летниот период, бидејќи нашиот град ги нема овие услови во текот на зимскиот период, затоа овие топли денови треба да ги искористиме за пливање особено во морската вода. Бенефитите се го уживаат целото тело. Има голем благодет, а морската вода го дава својот бенефит. Кога морето е мирно, кога нема бранови, тогаш се препроачува самото пливање. Затоа што сведоци сме на социјалните мрежи дека и те како има несакани случаи.“, рече Митрова

При зголемено количество на алкохол, храна, подолго време изложеност на сонце, наглото влегување во водата може да предизвика шок за организмот, додава д-р Митрова. Како штo потенцираше истито може да предизвика и смрт.

Инаку, лекарите и понатаму предупредуваат, кога граѓаните одат на топлите плажи, да имаат голема внимателност. Да не бидат изложени премногу на сонце, да користат повеќе течности, никако алкохол и да се употребува свежа и здрава храна. При влегување во вода, телото постепено да се прилагодува на самата температура.

Иван Митев, М-Нет