Пет возила се запалија за четири дена во Штип – апел за проверка на инсталацијата и носење на ПП апарат

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само денеска се запалија две возила, едното на паркинг просторот во кругот на Клиничката болница – Штип, а другото во централното градско подрачје. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарите беа навреме изгаснати и не се проширија на околните возила. Првичните сомнежи упатуваат на неисправна електрична инсталација како можна причина за дел од пожарите. Пожарникарите апелираат возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на своите возила и задолжително да имаат противпожарен апарат

,,За четири дена имаме запалени пет возила, причината најверојатно е неисправна инсталација. Значи еден апел до гледачите, да ги проверуваат возилата, поточно исправноста на инсталацијата и аконската регулатива секој возач да има по еден апарат во возилото. Во последните неколку случаеви значи возилата не се во движење и се палат додека се паркирани.“, вели Ренџов

Брзата реакција на пожарникарите и навременото јавување на бројот 112, можат да спречат поголема катастрофа. Пожарникарите велат, пожарите најчесто избувнуваат во моторниот дел на возилото, каде што се наоѓа и електричната инсталација, па токму таму штетите се најголеми.

,,Па интервенцијата на двете возила беше брза, но навремено јавување на 112 и на 193 значи брзото излегување спаси поголеми катастрофи. Зависи, возилата најчесто се палат кај моторите, инаталацијата и моторот и затоа има таму најголеми оштетувања.“, рече Ренџов

Пожарникарите апелираат возачите редовно да ја проверуваат исправноста на своите возила и во секој автомобил да имаат исправен противпожарен апарат. Велат дека токму навремената реакција во првите минути може да спречи пожарот да се прошири и да предизвика поголема материјална штета.

Иван Митев, М-Нет