
Превентивната активност „Петарди не, безбедност пред сѐ“ денеска се реализираше и во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“. Полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Штип во содејство со лекари од Клиниката за пластична хирургија ја реализираа активноста заедно со ученици од прва година со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници.
Преку видео-презентации и разговори на учениците им беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред сѐ од повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Учениците беа запознаени и со законските импликации од набавување, продажба и активирање на пиротехнички средства.
Ваквата активност во рамки на СВР Штип ја реализираа и полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево со учениците од основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево.
Ребека Спасова М-Нет