
Неколку убедливи победи и едно реми го одбележаа денешниот дел од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига. Работнички славеше со високи 4-0 против Шкупи, Пелистер го совлада Осогово со 3-0, додека Охрид освои три бода на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.
Пелистер на домашен терен беше сигурен против Осогово, победувајќи со 3-0. За гостите од Кочани ова беше тежок натпревар, а новиот тренер Спирко Златков на тимот дебитираше со убедлив пораз.
Охрид, пак, се радуваше на гостински триумф од 0-2 против Македонија Ѓорче Петров. Погодоците за охриѓани ги постигнаа Росик и Калановски, со што гостинскиот тим ја потврди победата.
Без голови заврши средбата меѓу Еуромилк и Новаци, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод. Тетекс, од друга страна, одигра сигурно и со 2-0 го совлада Детонит Плачковица.
Најубедлив беше Работнички, кој со 4-0 го надигра Шкупи и забележа убедлив триумф во денешната програма.
Колото во Втората лига ќе биде комплетирано утре со уште два натпревари, кои започнуваат од 14:30 часот. Камјани ќе го пречека Кожуф, додека во Струмица ќе се одигра градското дерби меѓу Брера и Беласица, дуел кој привлекува посебно внимание поради локалното ривалство, а овој натпревар ќе можете да го проследите на М Нет-ТВ.