Партерно се уредуваат влезови пред станбени згради во населба Леваци, целосно ќе се уредува населбата

Партерно се уредуваат влезови пред станбени згради на улицата „Коле Неделковски“ во Штип. Градоначалникот, Јорданов од лице место посочи дека ова е по барање на жителите. Најави дека во населба Леваци ова лето ќе се работи на реконструкција на сите улици и краци, како и реконструкција на водоводната мрежа.

„Овде се работи на партерно уредување на влезовите од станбени згади. Се работи и во населбите Осми Ноември и населбата Сењак. Она што сакам да го најавам за населбата Леваци е дека ова лето ќе се влезе со реконструкција на најголем дел од учиците. Ќе се изврши промена на водоводната мрежа.“ – вели Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов упати извинување до жителите од населбата бидејќи ќе следува изменет сообраќајен режим и отежнато функциоирање. Но, целта е да се инвестира и да се уреди и оваа штипска населба.

„Сигурно дека ќе има измена на сообраќајниот режим, отежаното функционирање, но во интерес на жителите од оваа населба за решавање на целокупната инфраструктура. Овде повеќе од 40 години не се инвестирало. Ги замолуваме жителите од оваа населба на разбирање и им се извинуваме однапред“ – додава Јорданов.

Со активности на терен се продолжува и во останатите населби во Штип. Јорданов повторно посочи дека о ва лето најголем број на улици ќе бидат реконструирани, асфалтирани со променета водоводна и канализациона мрежа.

Лаура Стојанова М-Нет