Откупната цена на јагнето пред Рамазан и Велигден незадоволителна за сточарите во карбинско, бараат барем 300 денари

Окупната цена на јагнето, пред Рамазан и Велигден е незадоволителна за сточарите во карбинско. Разочарани пред камерите на медиумите велат, 240 до 250 денари за килограм е ниска. Бараат минимум 300 денари за да можат да продолжат да се занимаваат со оваа гранка, поинаку ќе треба да се откажат и Македонија да биде зависна од увоз.

За да продолжат да се занимаваат и понатаму со сточарството, сточарите се децидни дека е потребно исплата на субвенциите, бидејќи според нив реално цената е на истите е добра, но истите апелираат да се исплаќаат навреме, бидејќи немаат исплата неколку години.

Сточарите и понатаму апелираат, цената на откупот на јагне, на млекото да бидат поголеми, а субвенциите навреме исплаќаат за да имаат профит и државата и сточарите.