
Отворена третата по ред изложба со наслов „Надреализмот како личен израз“ во Глаерија 22 при Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Во наредните десетина дена граѓаните може да ги видат необичните слики насликани од децата кои се дел од Ателјето при домот на култура, од малата и големата група. Темата е нареализам со цел децата да може да покажат својот израз во цтрањето.
„Оваа изложба е трета по ред и е насловена „Надреализмот како личен израз“. Првата слика на учениците се викаше Цвеќиња, втората Мојот град и ова е надреализмот како личен израз. Учениците сами ја одрбаа оваа тема бидејќи ние до сега повеќе бевме фокусирани на ликовните елементи и принципи, го изучувавме фигуративното сликарство. Овде има 17 слики направени со акрилни бои и го изразуваат нивниот личен израз.“ – вели Наумова.

Необични животни, цвеќиња, часовник, се само дел од замислите на децата преточени на лист хартија и изложени во Галерија 22. За поголем дел од нив ова не е прва изложба на која зеле учество.
Преку вакви и слични изложби се остварува основната цел на ликовното ателје при Домот на култура а тоа е афирмирање на уметноста и младите таленти, како и изучување на нови сликарски техники.
Лаура Стојанова М-Нет