Органзирана втора крводарителска акција во просториите на полициската станица во Кочани

Втора крводарителска акција се организираше ден во просториите на полициската станица во Кочани. Денешната крводарителска акција е намената за сите вработени во полициската станица. Отаму посочиа дека се надеваат дека денешната крводарителска акцијa ќе го исполни бројот на крводарители иако се наоѓаме во период кога дарителите се на одмор и температурите се многу високи.

„Денес во просториите на полициската станица во Кочани се спроведува втората по ред крводарителска акција, која е наменета за сите вработени во полициската станица. Планираме и овој пат иако е време на одмор и со оглед на високите температури да ја исполниме планираната бројка на крводарувања, односно колегите активно да излезат и да ја даруваат својата скапоцена течност на крв. Јас на сите тие што ќе учествуваат во ова крводарителска акција ќе им се заблагодарам и ќе им посакам многу здравје за да можеме да ја спроведеме и последната односно третата крводаритeлска акција.“ – изјави Стојанова

Инаку во наредниот период посочиа дека е планирано и организирање на трета крводарителска акија во полициската станица Кочани. Честите крводариителски акции се организираат се со цел да се обезбедат поголем број на крвни единици кои се потребни периодов, бидејќи честопати се соочуваат со проблем однсно недостаток на крвни единици.

Лаура Стојанова, М-Нет