Одржана 52 седница на советот на Општина Штип, на истата се разговараше за 72 точки предлок одлуки

Одржана педесет и втората седница на советот во Општина Штип. На седницата имаше 72 точки и на истите се разговараше за предлог одлуки, како и утврдување на предлози од одредени области. На почетокот од седницата се опфатија точките за училиштата СОУ „Гимназија Слвачо Стојменски Штип“ и ООУ „Ванчо Прќе“ Штип за рехабилитација и опремување на дел од просториите, а од втората до 28 точка се разговараше за утврдувањето на висината на надоместокот за експропријација за Штип, Ново Село, Чардаклија и Караорман. Покрај ова на седницата се разговараше и за предлог одлука одобрување средства за лекување и пожар, но и за одлуки за утврдување на висината на надоместокот за поставување на видиви опрема, интернет пултови и банкомати, како и урбана опрема. Во средишниот дел од седницата исто така се разгледаа точките за предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на Општина Штип за 2025, како и предлог програма за дополнување на програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип , но и за извештајот на за реализација на средствата за одржување на локални патишта и улици за 2023-24 во зимски услови. Се даде и предлог одлука за давање на согласност за зголемување на бројот на децата во Д“ Вера Циривири Трена“, како и предлог одлука за почетокот и крајот работно време на истоимената градинка, а за ДГ Астиво се разговараше за годишниот извештај за работа за 2023-24 и програма за работа 2024-25 гоидна. За ЈП Стипион исто така се разгледа годишниот план за вработување за 2025 година, за уредување на земјиште, користење јавен простор, програма за вршење линиски превос , програма за одржување локални патишта и извештај за квартал април-јуни 2024 година. Во крајниот дел од седницата се разгледаа точките за извештај за работењето на училиштата во Штип, како и за барање за разрешување од член на надзорен одбор во ЈП Исар, како и за предлог одлуката за одобрување на ипотреба на името Штип во здружение за Билијард Клуб Штип-Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет