
Граѓаните на Штип со загриженост ги следат најновите економски случувања, по одлуката на Владата да го одмрзне ограничувањето на маржата за повеќе од 1000 производи во маркетите. Со оваа мерка, трговците ќе бидат во можност да ја зголемат цената на производите, а потрошувачите се соочуваат со нови потешкотии во секојдневното снабдување.
Иако Владата инсистира на тоа дека ќе се прават редовни проверки за да се спречи неправилното формирање на цените, граѓаните велат досега инспектор не забележале
Министерството за економија и натаму тврди дека ќе се преземат сите неопходни мерки за да се заштитат правата на потрошувачите, а инспекциите ќе бидат продолжени и интензивирани во наредниот период.
Иван Митев, М-Нет