
Натпреварите 16. коло на Првата ракометна лига се играат овој викенд, а во рамки на истото екипата на Текстилец УГД од Штип ќе биде слободна.
Веќе вечерва во Автокоманда се игра натпреварот меѓу Мулти Есенс и Овче Поле, каде скопскиот тим ќе биде апсолутен фаворит за триумф, а гостинот од Свети Николе го очекува тешко гостување.
Утре на програмата се неколку натпревари. Дерби ќе се игра во Неготино каде Вардар го пречекува непоразениот лидер Младост од Богданци, Македонија ЃП како фаворит дома ќе игра со Кичево, Партизан ќе бара прв пролетен триумф против Јехона, а пак Аеродром како фаворит ќе го пречека Шампион.
Колото се затвара во недела со натпреварот меѓу Преспа и Драчево Јуниор, меч кој се игра во Ресен.
Продолжува трката на Младост и Мулти Есенс за првото место кое директно води кон влез во Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет