
Второто коло на Трета лига регион 3 донесе неколку изненадувања и неверојтна победа од 13 гола. Во Свети Николе немаше победник на дербито меѓу Овче Поле и Малеш од Берово откако двете екипи ги поделија бодовите играјќи 1:1. Во Пирава, исто така немаше победник, но немаше ниту погодоци откако Ударник ремизираше против ланскиот второлигаш Каменица Саса.
Ланскиот шампион кој не го помина баражот за Втора лига, Победа Валандово со минимални 0:1 славеше над ланскиот вторологаш Слога во Виница, а на минимална победа се радуваше и тимот на Брегалница од Делчево, откако славеше со 0:1 над Карбинци во гости.
Во локално дерби кое се одигра на стадионот „Кукуш“, новајлијата Огражден со минимални 0:1 славеше над некогашниот прволигаш Хоризон Турново.
Тиверија доживеа нов срамен пораз откако на домашен терен загуби со 0:13 од Дојранско Езеро, за струмичкиот третолигаш ова е нов голем пораз откако во првото коло загуби со 11:0 во Свети Николе.
Повеќе од јасно е оти ќе треба промени во тимот со цел да не дојде до ситуација за нов дебакл и во следното коло.
Александар Ванев, М-Нет