Ноќ без починати ковид пациенти во штипската болница

Отакако во претходните неколку дена во континуитет се регистрираа по неколку починати лица од корона вирусот во штипската болница, оваа ноќ мирно поминала односно нема регистрано пациенти кои ја изгубиле битката со ковид 19. Во последните 24 часа новопримени се две лица испишани тројаца, со што бројот на хоспитализирани е 43 од кои 40 на Инфективното одделение и три на Кожното и три на дневна амбуланта. Според податоците од извештајот од болницата 37 од хоспитализирани 43 се на кислородна поддршка а вакцинирани се девет лица. Бројот на слободни ковид кревети е 25 од кои 18 на Инфективното одделение и седум на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница нема промени во бројот на хоспитализирани ковид пациенти споредбено со вчера. На болничко лекување на интерното одделение се 13 пациенти од кои шест се вакцинирани, а пет се на кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие испишани се две лица, исто толку се и новопримени. Слободни се 14 кревети за ковид пациентите, информираат од болницата.

Бројот на активни ковид случаи во Општините од Истокот моментално е 809, најмногу во Кочани 210, во Штип 204. Троцифрена е бројката и во Делчево 140, а веќе и во Берово каде има активни 100 ковид слуачи. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 16 ковид пациенти.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.

Лаура Стојанова М-Нет