
Се уште нема нов конкурс од страна на МОН за стипендирање на учениците од медицинските струки. По најавата на 25 октомври на министерот за образование дека ќе има нов конкурс, директорите на медицинските училишта се во исчекување. Директорката на штипската медицина вели дека очекува позитивен исход до крајот на овој месец.
„До денес ние посотојано следиме на веб страната на министерстово и чекаме. Ама конкурсот се уште не е излезен. Се надеваме дека како што си ветија од министерството ќе си стојат на зборот и дека во текот на месецот ќе се распише конкурс за овие средношколци.“ – вели Николиќ.
Над 600 ученици од од здравствените училишта во Штип, Тетово и Гостивар чекаат позитиевн одговор. Во спротивно училиштата ќе поднесат преставки до Народниот правобранител, вели Николиќ оти е направена дискриминација со учениците.
„Во комуникација со колегите од Тетово и Гостивар очекуваме до крајот на месец ноември да се распише конкурсот. Во спротивно во сите училишта се донесени одлуки од страна на советот на родители, ние сме подготвени да поднесеме преставка до Народниот правобранител со цел да не влеземе во процес на дискриминација на дел од учениците“ – додава Николиќ.
Формирањето на дуалните паралелки е доста сложен процес кој вклучува повеќе странки, па доколку се добие негативен одговор од страна на Министерството за конкурсот шрипското медицинско училиште ќе се повлече од дуалното образование – истакна директоката Николиќ. Оваа учебна година 170 ученици се дел од дуалното образование, а главна мотивација беше стипендирањето на учениците.
Лаура Стојанова М-Нет