
Нови одрони на патиштата во истокот– најинтензивно на правецот с. Истибања – Мак. Каменица, каде што теренот е особено чувствителен на влажност. Раководителот на Македонија пат Влатко Цоневски, за М-Нет телевизија истакна дека сите одрони се расчистени уште од раните утрински часови, но поради временските услови, постои ризик од нови одрони. Тој упати апел до возачите кои се движат на во овие правци да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.
,,Со оглед фактот дека имавме врнежлива вечер, со тих дожд, иамме појава на ситни одрони, кои уште во текот на ноќта и утринските часови се исчистени. Меѓутоа поради накиснување на косините, може да дојде до ново пагање на ситни одрони, така да би препорачале на возачите внимателно возење, придржување на условите на патот и на поставената сигнализација.“рече Цоневски
Покрај на овој патен правец, Цоневски додаде дека одрони има и на патиот правец Виница-Берово, како и на патниот правец Делчево-Пехчево
,,Како и секогаш на деловите помеѓу село Истибања и граничен премин Делчево и Виница Берово, како и Делчево Пехчево. Тие се три патни правци на кои што имаме појава на одрони.”, додава Цоневски
За да нема несакани последици, раководителот Влатко Цоневски и понатаму предупредува, возачите да бидат претпазливи и да се придржуваат на условите на патот и на поставената сигнализација.
Иван Митев, М-Нет