Ниската цена на јачменот ќе ја одржи непокачена цената на месото

Ниската цена на јачменот и пченицата оваа година ќе ја одржи иста цената на месото. Свинското месо останува со цена како претходно оти како што велат од Асоцијацијата на земјоделци нема потреба за нејзино покачување. Житарките дури бележеа намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото.

„Нема да има покачување на месото оти житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекотопроизводителите го намалија, од 35 на 30 денари.“ – вели Серафимов.

Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, однонсо фармите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов.

„Во моментот цената е реална и задоволителна према цената на јачменот и пченицата. Према тоа месопроизводителите, фармите се задоволни со цената“ – вели Серафимов.

Цената на јачменот оваа година беше 9 денари, а потоа падна уште повеќе на 8 денари за килограм. Земјоделците се жалеа на проблемот дека никој не ги откупува житарките и покрај тоа што цената е ниска, па амбарите стојат полни со жито.

Лаура Стојанова М-Нет