
Вистинските земјоделци, оние кои произведуваат добиваат целсона поддршка од страна на Министерството за земјоделство, истакна декеска Министерот Љупчо Николовски, кој беше во посета на Кочани. Истовремено, ја промовираше новата мерка со која ќе се помага откупот на ориз кој ќе биде пакуван во најлонска или хартиена амбалажа, а понатаму истиот ќе се извезува.
„Во програмата за рурален развој усвоивме уште една мерка, тоа е мерката да ги помагаме откупувачите и преработувачите на бел ориз при трошоците за амбалажа за пакување на бел ориз кој треба да биде наменет за ивоз. Поддршката од оваа мерка изнесува 2,5 денари по покаување во најлонска амбалажа до 500 грама, пет денари до еден килограм и 10 денари за пакување во хартиена амбалажа до еден килограм. “ – вели Николовски.
Во денешната прилика Николовски истакна дека за сега се има највисоката откупна цена на оризовата арпа, а добро се движи и откупот на бело злато.
„Денес при посетата на Кочани гледаме дека без никакви проблеми се одвива и откупот на оризот, ја имаме најголемата откупна цена на оризовата арпа која се движи од 30 до 36 денари. Покрај тутунот, грозјето, пченицата, јачменот кои постигнаа рејордни цени ги продолжуваме по тој тренд“ – додава Николовски.
Со денешната посета на Кочани впрочем започна и теренската посета на министерот Николовски. На ваквите посети и средби земјоделците ќе се инфомираат и запознаават со повиците и начините како и кога да аплизираат.
Лаура Стојанова М-Нет