
И покрај зголемениот број на заразени лица од Ковид 19 во државата, нови рестректвни мерки нема. Останува само на сила полицискиот час од 22 до 5 часот, и тоа секој ден до 22 март. Тоа е според заклучокот на комисијата за заразни болети, а утринава на прес конференција го истанка Министерот за здравство Венко Филипче.
Бројот на новозаразени од ковид 19, последниот месец е зголемен за околу 5000 случаи плус. Исто така, последната недела се враќа трендот каде што бројот на новозаразени е поголем од бројот на оздравени пациенти. До зголемување на бројот на новозаразени лица со ковид 19 е непочитувањето на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател како и големиот број на собири најчесто меѓу младите. Со ова се согласни и штипјани, а дел од нива сметаат дека полицискиот час треба да се зголеми.
Според Министерот за здравство Венко Филипче, сеуште има слободни кревети во болниците ширум државата, а работат и сите ковид центри. За нови рестрикции дополнително ќе се состани Комисијата за заразни болести, меѓутоа наредната недела.
Лаура Стојанова М-Нет