На 18 мај ќе се одржи второто издание од детската трка „Деца под Исарот“ во Штип, интересот е голем, а пријавувањето е отворено до недела

На 18 мај годинава ќе се одржи второто издание од детската трка „Деца под Исарот“ во Штип. Интересот и годинава е голем, учество ќе зема деца од цела Македонија, а пријавувањето е отворено до 4 мај (недела), а која ќе биде одново со хуманитарен карактер.

„Децата под Исарот се организира по вторпат, а досега има пријавено над 450 дечиња. Пријавите се’ уште отворени до недела и сите дечиња кои не се пријавени може да се пријават“, вели Костов.

Трката ќе започне на 18 мај, недела, со почеток од 10 часот, а стартот ќе биде кај гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

„На 18 мај, недела старот започнува во 10 часот кај гимназијата „Славчо Стојменски“. Дечињата ќе бидат поделени по возрасти. Четири и пет години посебно ќе трчаат девојчињата, посебно момчињата, шест и седум ќе трчаат исто така посебно и така натаму“, вели Костов.

Интересот за второто издание на детската трка „Децата под Исарот“ е поголем во однос на првото издание кое се одржа минатата година.

„Да, со оглед на тоа што досега имаме пријавено 450 дечиња, очекуваме дополнително да се пријават уште барем 200 дечиња најмалку“, дополнува Костов.

Целта на овој спортски настан е дечињата да дојдат поблиску до спортот, да го засакаат истиот и да започнат со спортување.

„Овој настан има поттик и цел кај дечињата да се доближат поблиску до спортот да се дружат, да ја развијат љубовта кон физички активности уште од најмала возраст за да бидат во здраво тело здарв дух, да имаме здраво општество и здрави дечиња“, додава Костов.

Собраните средства од оваа детска трка ќе бидат донирани за настраданите од големата трагедија во Кочани.

„Овој настан наш настан преубав не би можел да се одржи доколку ја немаме поддршка од општината и градоначалникот Иван Јорданов, да се заблагодариме јавно до нив. Сите наши граѓани на тој 18 мај да дојдат да ги поддржат нашите најмили најмлади херои да ги поддржиме на тој убав топол хуман спортски ден под Исарот“, вели Костов.

„Децата под Исарот“ е детска трка со хуманитарен карактер, минатата година собраните средства исто така беа донирани, како и оваа година.

„Како и претходната трка така и оваа година е од хуманитарен карактер и сите средства кои што беа собрани минатата година беа донирани училиштата во општина Штип и општина Карбинци. Така и оваа година сите собрани средства ќе бидат донирани за жал за настраданите во Кочани“, дополнува Костов.

„Децата под Исарот“ станува спортски настан кој пополека започнува своја традиција која во иднина ќе се негува и овој настан ќе се организира редовно во иднина.

Александар Ванев, М-Нет